И Основното јавно обвинителство се огласи по бегството на обвинетата Ива Михајлова за сообраќајна несреќа со смртни последици која изутрината избега од Македонија, а во Бугарија беше пречекана со медиуми.

Оттаму велат дека сториле сѐ што е во нивна надлежност за да ја обезбедат, и оти токму ризикот од бегство била причината зошто Јавниот обвинител неколку наврати давал негативно мислење за враќање на нејзиниот пасош.

-На обвинетата, по предлог на јавен обвинител уште од 09.10.2025 година и беа одземени две патни исправи (македонска и бугарска), и беше изречена забрана за преминување држацна граница со лична карта, забрана за напуштање на Кочани и обврска да се јавува кај службено лице. Надлежниот јавен обвинител ги презеде сите чекори во негова надлежност за обезбедување на лицето, а ризикот од бегство беше една од клучните основи поради кои обвинителството повеќе пати даваше негативно мислење во однос на барањето за враќање на патната исправа, велат од ОЈО.

Exit mobile version