Бугарската претседателка Илијана Јотова на телевизија видела дека обвинетитата за сообраќајна несреќа со смртни последици, Ива Михајлова ја преминала границата и избегала во Бугарија, иако македонските истражни органи ѝ ги одзедоа двете патни исправи, и македонската и бугарската.

Јотова најави дека ќе се сретне со Михајлова.

-При прва можност ќе се сретнам со Ива Михаилова. Дури и ако ја задржат во болница, ќе направам сè што е можно за да се видам со неа – изјави Јотова пред новинарите, додавајќи дека очекува да ги види наодите на бугарските лекари од болницата „Пирогов“.

Сепак вели, сѐ уште има многу неразјаснети околности околу нејзиното пристигнување во Бугарија.

– Има уште многу неразјаснети околности. Мислам дека и други надлежни органи во Бугарија треба прво да одговорат на прашањата што ве интересираат – рече бугарската претседателка, одговарајќи и на прашањето каква реакција очекува од Северна Македонија.

Exit mobile version