Охриѓанец најден починат во станот во којшто престојувал
Шеесет и тригодишен охриѓанец бил пронајден починат во стан во градот, кадешто престојувал.
Според информациите од СВР Охрид, станот се наоѓа на улицата „Даме Груев“.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
02.03.2024 - 11:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа