Охрид: Тинејџер возел украден мопед, полицијата го запрела и го привела


Вчера во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 19-годишниот А.Ј. од Охрид, извести МВР.

Тој бил запрен од полициски службеници при управување мопед, за кој по извршени проверки било утврдено дека претходно во текот на денот бил одземен од сопственикот М.С.(68) од Охрид, соопшти МВР.

Мопедот бил вратен на сопственикот и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

18.09.2024 - 16:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега