Огромна заплена: 160 кила кокаин вреден 10 милиони евра фатија македонската и грчката полиција во Грција

Околу 160 кила висококвалитетен кокаин вреден над 10 милиони евра запленија македонската и грчката полиција во голема акција во Грција координирана со американската ДЕА, дознаваме од извори во истрагата.

Според нашите информации, разбиена е голема организирана криминална група која била следена подолг период, а уапсени се повеќе грчки и македонски државјани.

Од македонското МВР потврдуваат дека во тек е голема акција, но детали најавуваат по целосното зваршување.

02.06.2023 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега