Close Menu
Press24
    Најново

    Јакимовски со спакуван куфер чека бирократија во Шутка

    11.09.2026 во 10:19

    (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари

    11.09.2026 во 15:17

    Помина тешка недела за возачите – понеделник ќе ни донесе значително поскапо гориво

    11.09.2026 во 09:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Најмалку 16 лица се повредени, меѓу кои и петмесечно бебе, по утринскиот ракетен напад врз Одеса
    • „Средувале“ категории во возачки дозволи, МВР со кривична пријава против 27 лица
    • Дневен хороскоп за 12-ти септември 2026: Дознајте што ве очекува во текот на денешниот ден
    • ВМРО-ДПМНЕ: За една година ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите, Карбинци се развива со конкретни инвестиции 
    • МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед – потврда за стабилноста и конзистентноста во економските политики
    • Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката дозвола ќе бидат достапни директно на мобилен телефон
    • До 07:30 часот 31 пожар
    • Подгответе ги чадорите: Денеска не очекува дожд
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Огнот се повлекува од Чаниште, но пожарите и натаму горат низ Македонија

    Огнот се повлекува од Чаниште, но пожарите и натаму горат низ Македонија

    19.08.2026 во 17:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Селото Чаниште во Мариово во моментов не е загрозено, но пожарот продолжува да се движи во правец на Крушевица и Зовиќ. Во изминатото деноноќие низ земјата се регистрирани 37 пожари на отворен простор, од кои три и натаму се активни. 

    Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во реонот на Чаниште нема опасност ниту за селото ниту за трите манастири што се наоѓаат во околината. Огнената линија, сепак, е долга, а силниот и променлив ветер дополнително го отежнува гаснењето. 

    На терен се ангажирани четири возила „пинцгауер“, тимови на ДЗС и пожарникари од Прилеп. Беше употребен и полициски хеликоптер, но поради конфигурацијата на теренот и силниот ветер неговото дејствување е ограничено. На некои места, наместо да помогне, воздушната интервенција можела дополнително да го разгорува огнот. 

    Ангелов информираше дека пожарот кај Чаниште се движи во два правца, кон Зовиќ и кон Крушевица. Во пожарот гори ниска вегетација, а главната цел на екипите е огнот да се задржи подалеку од населените места и објектите во реонот. 

    Состојбата во Чаниште е особено чувствителна поради пожарот што претходниот ден навлезе во делови од селото и зафати куќи и други објекти. Според претходните информации од теренот, биле уништени повеќе од 15 куќи и објекти. 

    Во истото деноноќие, Центарот за управување со кризи регистрирал вкупно 37 пожари на отворен простор. Три останале активни, еден бил ставен под контрола, а 33 биле целосно изгаснати. 

    Покрај пожарот во Прилепско, активни жаришта има и во општина Студеничани, каде гори мешана шума во регионот на Моране, Вртекица и Рамни Габер, како и во Македонски Брод, во близина на Драгов Дол и Локвица. 

    Пожарот на депонијата во Делчево, кој гореше неколку дена, е ставен под контрола. Во повеќе други општини пожарникарите во текот на изминатото деноноќие интервенирале на пожари кои се локализирани и изгаснати. 

    Поради високите температури и условите погодни за брзо ширење на огнот, надлежните повторно апелираат до граѓаните да не палат оган на отворен простор и веднаш да го пријават секое забележано огниште на бројот 112. 

    Прочитај повеќе

    „Средувале“ категории во возачки дозволи, МВР со кривична пријава против 27 лица

    12.09.2026 во 11:32

    ВМРО-ДПМНЕ: За една година ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите, Карбинци се развива со конкретни инвестиции 

    12.09.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.