„Огнените“ од ДУИ по средбата со Ахмети остануваат на ставот за промена во извршната власт
Група функционери и активисти на ДУИ од таканаречената „Огнена група“ предводени од градоначалникот на Сарај,Блерим Беџети и чаирскиот огранок преводен од Изет Меџити во партиското седиште во Мала Речица одржаа средба со лидерот на ДУИ. Али Ахмети.
Беџети по средбата на социјалните мрежи објави дека Ахмети му е пријател, но остануваат на ставот за промена во извршната власт.
По состанокот, првиот човек на ДУИ, Али Ахмети истакна дека има меѓучовечки односи кои не се добри, но се работи за поединци, а не за целината. Според Ахмети,извршната власт има други проблеми, органоците и општините други и логично се појавуваат противречности меѓу овие институции. Тој ја отфрли можноста за формирање на нова партија.
Партиските ограноци од Чаир и Сарај пред неколку дена преку писмо се пожалија дека во последниве две години партиските органи не се активни, одлучувањето станало индивидуална сопственост и дека не се веќе добро организирана и структурирана партија. Одговорен за состојбите, според нив, е првиот вицепремиер Артан Груби.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа