Одземени три рибарски мрежи со белвица во Охридското Езеро

 


Три рибарски мрежи со должина од по сто метри, улов од 56 парчиња риба Охридска белвица и друг риболовен алат пронашла полицијата во водите на Охридското Езеро во блзина на Струга, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, вчера во водите на Охридското Езеро, реализирале мерки согласно Законот за рибарство и аквакултура.

Притоа, како што е наведено, на околу два километри од брегот на струшкото крајбрежје помеѓу Струга и селото Калишта биле пронајдени и одземени рибарските мрежи и уловот.

- При преземените контроли, полициските службеници, во водите на езерото, затекнале две лица, од Струга и Радожда, кои, управувале пловен објект без пловидбена дозвола поради што, ќе им бидат поднесени соодветни пријави, стои во соопштението на СВР Охрид.

11.11.2024 - 12:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега