Одземени седум кубни метри огревно дрво без документација

 

На 23.03.2023, полициски службеници од СВР Штип и од Полициската станица Штип, во содејство со Шумска полиција Штип и Шумско стопанство „Серта Штип“, по преземени мерки и активности,  во с.Почивало, штипско, пронашле седум кубни метри огревно дабово дрво без документација, сопственост на Ј.С..

Дрвата биле одземени и предадени на Шумско стопанство „Серта Штип“, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

24.03.2023 - 20:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега