Одржан првиот состанок на политички директори на САД-Јадранската Повелба

Во рамки на претседавањето на Северна Македонија со САД – Јадранската Повелба (А5), во Скопје, се одржа првиот заеднички состанок на политички и одбранбени директори од министерствата за надворешни работи и министерствата за одбрана  на земјите-членки и набљудувачи на Повелбата.

 Нашето претседавање коинцидира со 20 годишнината од основањето на оваа иницијатива, при што на состанокот беа поздравени досегашните постигнувања на А5 рефлектирани во соодветно зачленувањето на четири земји од Повелбата во НАТО Алијансата. Оттука, во фокусот на разговорите на состанокот беа начините за ревитализација и адаптација на иницијативата кон новата безбедносна реалност и актуелната регионална динамика. Целта е да се зајакне политичката улога на Повелбата и да се креираат нови механизми за соодветно адресирање на актуелните безбедносни предизвици во регионот.

Воедно, на состанокот стана збор и за последиците од  руската воена агресија во Украина врз регионот, со посебен акцент на сајбер и хибридните закани, ранливноста на критичната инфраструктура и справувањето со дезинформации. Беа разгледани начините за зајакнување на отпорноста преку заеднички дејствија и соработка.

Дополнително, беше усвоен и Акцискиот план на претседавањето на Северна Македонија САД-Јадранската Повелба во тековната година.

 А5 е уникатен форум на соработка, кој во своите редови покрај земјите од регионот ги има и САД, како наш стратешки партнер. Поконкретно, во Повелбата членуваат Албанија, Хрватска, Северна Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, додека Србија, Словенија и Косово имаат статус на земји-набљудувачи. Формирана во 2003 г., оваа организација две децении генерира безбедност и стабилност во овој дел од Европа.

14.03.2023 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега