Сообраќајот на регионалниот пат Маврово – Дебар, во близина на селото Врбјани, од 16:40 часот попладнево се одвива по една коловозна лента на делница во должина од околу 10 метри.

Од АМСМ информираа дека причината за изменетиот режим на сообраќај е одрон на патот. Екипи се на терен и работат на расчистување на коловозот.

Exit mobile version