Одреден притвор за Здравев, експретредател на Советот на Центар – се бара и за Тодоровиќ

 

 

Одредени се дел од притворите побарани за осомничените кои се поврзуваат со случајот „Скопје 2014“ односно поставувањето на десетина споменици во Скопје, пишува „Макфакс“. Едно од лицата е Владимир Здравев, експретседавачот со Советот на Центар. Притворот му е во траење од 30 дена. Тој беше уапсен на „Табановце“ при обид за излез од Македонија.

Според инфомрациите на „Макфакс“ се бара притвор и за Владимир Тодоровиќ, ексградоначалник на Центар и сопственик на маркетите „Тинекс“. За него се уште судија на претходна постапка, не одлучил дали мерката побарана од обвинителот ќе биде уважена. Бидејќи е во бегство, мерка не е побарана за Никола Груевски кој исто така е обвинет. Непознато е дали се бараат мерки за Елизабета Канческа-Милевска и Зоран Ставрески, кои се второ и трето обвинети.

Експретседателот на Советот, Владимир Здравев, се сомничи за перење пари. Според истрагата, тој бил линкот меѓу Македонија и лицата од Италија, кога спомениците се купувале од Општина Центар по дупли цени од оние по кои се набавувале од италијанските фирми.

30.06.2023 - 17:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега