Млад македонски државјанин (24) е уапсен во Белград под сомнение дека предизвикал пожар во пицерија на подрачјето на општината Палилула. Според информациите од истрагата, мотивот за инцидентот бил револт по добиен отказ од работа.
Осомничениот, откако ја прекинал соработката со локалот, во текот на ноќта дошол до објектот со канистер бензин, ја полил внатрешноста и ја запалил. Она што го прави случајот уште понесекојдневен е фактот што тој целиот чин го снимил со својот мобилен телефон, а потоа видеото од пожарот им го испратил на поранешните газди.
Српското Министерство за внатрешни работи потврди дека лицето е приведено и му е одредена мерка притвор. Против него ќе биде поднесена кривична пријава за предизвикување општа опасност. За среќа, во инцидентот нема повредени лица, но на објектот е причинета значителна материјална штета.


