Системот за автоматско снимање и санкционирање на сообраќајни прекршоци, познат како „Безбеден град“, ќе започне официјално со работа на 1 февруари 2026 година, објави порталот „360 степени“.

Иако првичните најави беа дека казните ќе започнат од 1 јануари, властите одлучиле да го пролонгираат стартот за еден месец поради потребата од дополнителни технички проверки и усогласување на правните процедури.

Камерите ќе бидат активни и ќе санкционираат на територијата на Скопје, Тетово и Куманово, како и долж автопатските коридори 8 и 10. Во моментов, мрежата е во фаза на тестирање на системот за препознавање регистарски таблички.

Exit mobile version