Одлична можност за сите млади невработени лица од Куманово

Младите невработени лица од Куманово, активни баратели на работа можат да се пријават за обука за напредни ИТ вештини и за специјалист за човечки ресурси, мерки дел од оперативниот план за активни програми и мерки за тековната година, соопштија денеска надлежните од Центарот за вработување Куманово.

- Обуката за напредни ИТ вештини содржи 14 модули што се исклучително барани на пазарот на труд за потребите на реалниот сектор, но и во државни институции, банки … По обуката, уесниците добиваа сертификати, меѓународно признат на тој начин стануваат конкурентни на домашниот и странскиот пазар. За втората програма, обука за специјалист за човечки ресурси и лани имавме значаен интерес. Оваа професија е многу барана на пазарот на труд и ја бараат големите компании во државата од ТИРЗ зоните, изјави раководителката на Центарот за вработување, Марија Димитријевска.

Во Куманово има бројни компании кои бараат ваков кадар, укажуваат надлежните од Центарот за вработување Куманово. Барање за вакви обуки имало и од невработени млади кои биле заинтересирани да го надградат знаењето и да станат поконкурентни на пазарот на трудот.

- Обуките се дел од барањата на работодавците сè поголема потреба има од вакви кадри. Кумановските работодавци работат не само на нашиот туку и на европскиот пазар, додава Димитријевска.

Двете обуки се наменети за млади до 40 години, за ИТ вештините потребно е минимум средно образование, додека за специјалист за човечки ресурси е потребно високо образование. Од Центарот за вработување ги повикаа невработените за секое прашање да се обратат до установата. 

14.06.2024 - 18:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега