Одличен трик: Со овие три состојки за час ќе ја исчистите гумата на белите патики
Белите патики се секогаш супер тренди, лесни за комбинирање и изгледаат одлично во секоја комбинација. Сепак, тие лесно се валкаат, а машината за перење не е секогаш идеален избор. Иако денешните машини за перење имаат различни програми за перење алишта и обувки, точно е дека центрифуга често може да ги оштети.
Кога станува збор за бели чевли, гумата на патиките по миењето станува жолта или добива грди дамки.
Сепак, постои еден одличен трик за тоа како да ја вратите сјајноста на чевлите.
Се што ви треба е:
сода бикарбона
вода
малку оцет
Измешајте вода и оцет, во еднакви пропорции, а потоа додадете сода бикарбона – сами одредете ја количината – важно е да се добие густа маса.
Земете стара четка, натопете ја во пастата и изрибајте ги патиките.
Кога ќе завршите, исплакнете ги со топла вода и оставете да се исушат на топол воздух.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа