ОДАС: Училиштата ќе им достават банки со прашања за интерните предмети на матурантите

„На денешната средба со Министерството за образование и наука разговаравме за проблемите и предизвиците со кои средношколците се соочуваа изминативе четири години и ги истакнавме барањата на средношколците околу државната матура“, информираат од ОДАС преку писмено соопштение испратено до медиумите.
 
„Главното барање е кратење на материјалот предвиден за полагање на државната матура поради онлајн наставата, дојавите за бомби, изгубената настава и дупките во знаењето. 
Успеавме да издејствуваме училиштата да мораат оваа година да им достават на учениците банки со прашања за полагање интерните предмети“, велат оттаму. 
 
„Од друга страна, ни беше кажано дека материјалот е веќе скратен, но не добивме целосен увид во тоа колку и кој материјал е скратен. Тоа што го забележавме беше дека скратениот материјал по мајчин јазик (македонски) е речиси идентичен со тој од минатогодишната матура.
Продолжуваме да го следиме процесот и да работиме на заложбата за подобро образование, и ќе информираме за сите следни чекори по извршување на разговори со средношколците“, информираат од ОДАС.
 
 
17.03.2023 - 16:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега