Од врв на Водно Мицкоски доаѓа на своите први пратенички прашања во Собранието
Собранието денеска ќе ја одржи 18. седница, на чиј дневен ред се пратенички прашања, кои ќе бидат први на новиот парламентарен состав по конституирањето на 28 мај годинава.
Согласно Деловникот, прашања до премиерот и министрите први поставуваат пратениците од опозицијата.
Вообичаено, седниците за пратенички прашања се одржуваат последниот четврток во месецот.
Премиерот утрово на социјалните мрежи објави фотографии од утринската тура до врвот на Водно.
„Последниот ден од Октомври, прв до врв и градот убав.“ – напиша Мицкоски.
31.10.2024 - 09:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа