Од утре подгответе се за дожд: Денес облачно време со магла

Времето денеска ќе биде променливо облачно со утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, особено изразен вдолж Повардарието каде кон крајот на денот повремено ќе засилува.

Утринската температур ќе се движи од 1 до 7 степени, а максималната дневна ќе биде во интервал од 6 до 13 степени.

Слично време се очекува и во Скопје каде максималната дневна температура ќе достигне 13 степени.

Утре се најавува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на места пообилни, особено претпладне во западните делови. На повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

25.11.2021 - 09:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега