Од утре, 10 април (петок), стапува на сила новиот европски систем за влез и излез (EES – Entry/Exit System). Ова значи дека дигиталната евиденција ги заменува досегашните печати во пасошите за сите државјани на земји кои не се членки на ЕУ, вклучително и македонските граѓани.
Што вклучува новиот систем?
- Биометриски податоци: При првиот влез по воведувањето на системот, на патниците ќе им се земаат отпечатоци од прсти и ќе бидат фотографирани.
- Следење на престојот: Системот автоматски ќе пресметува колку денови престојувате во ЕУ, строго контролирајќи го правилото „90 дена во период од 180 дена“.
- Време на чекање: Поради земањето биометриски податоци, се очекува првично зголемување на времето на задржување на граничните премини при влез во Шенген зоната.

