Од тоа колку години имате зависи и која вакцина против коронавирус ќе ја примите - Фајзер или Спутник

Освен за карактеристиките на различните вакцини, овие денови се зборува и дека не се сите наменети за исти возрасни групи.

Објаснувањето на експертите е следно: Вакцината на Фајзер не можат туку така да ја примат помлади од 16 години, а „Спутник“ помлади од 18.

Првиот контингент на вакцината „Спутник“ кој стигнал во Србија бил, според информациите на производителите, наменет за лицата кои имаат помалку од 60 години, а се очекува следниот да биде наменет и за постарите, објави РТС.

Нова болест и нова вакцина, а кај секоја нова вакцина производителите се трудат прво да покажат колку е безбедна и ефикасна за возрасните.

Павле Желиќ од Агенцијата за лекови и медицинска средства во Србија, наведува дека специфичноста на клиничките испитувања и високите етички норми, односно барања кои се поставуваат кога се спроведуваат истражувања, дефинираат посебни услови кога станува збор за децата, трудниците и другите чувствителни групи.

„Секако дека ќе се направат одредени испитувања перспективно и на овие категории, но во моментов документацијата која ја доставуваат произведувачите како Фајзер, односно Спутник, не покажал дека тие се испитани на овие категории, па со самото тоа не можат да бидат користени во Србија“, вели Желиќ за Курир.рс

Вирологот Нада Кулјиќ Капулица истакнува дека за децата вакцината мора сепак посебно да се дизајнира, како што е вакцината за грип која децата смеат да ја примат.

„Мѓутоа, тука се препорачува дозата на вакцината да биде помала и тоа двојно помала, или кај грипот постои варијанта дека децата да добиваат субјунит вакцина - само се зема оној дел од вирусот на кој се создаваат антитела, практично пречистена вакцина“, објаува Кулјиќ Капулица.

Од друга страна, кај постарата популација имуниот систем е послаб, послабо реагира.

„Кај старите мора спротивно од вакцината за деца, да се појача антигенот на вирусот за таа да биде поделотворна. Тоа го имаме со четворовалентната вакцина кај грипот наместо тривалентната, или што се однесува до постарите лица, да се додаваат различни додатоци во вакцината кои го зајакнуваат имуниот одговор, што е неопходно кај старите лица“. вели таа.

Најавено е дека наскоро би требало да почнат испитувања на вакцината против ковид за деца. Како што велат научниците, прво ќе бидат тестирани поголемите деца, а потоа старосната граница ќе се спушти. Се надеваат дека за неколку месеци ќе може да се каже дека вакцината е безбедна и ефикасна за деца.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.01.2021 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа