Дали извршната власт дополнително ќе ја коригира стапката на ДДВ и акцизите за нафтените деривати ќе се дефинира во текот на првиот ден од следната работна недела. 

Премиерот оценети како позитивен сигнал стабилизирачкиот тренд на цените на суровата нафта на светските берзи и изрази очекување дека тоа ќе резултира со забележително намалување на малопродажните цени на горивата кај нас.

„Знаете дека на две недели се анализраат акцизите. Сега завршува втората половина на месецот, така што во понеделник ќе направиме просек за втората половина од месецот и врз основа на тие параметри ќе се делува на ценнте на нафтените деривати“, рече Мицкоски.

Министерскиот совет внимателно ги следи сите берзански осцилации кои бележат пад два дена по ред.

„Денеска се стабилизира некаде 85-86 долари за барел, така што следната недела очекувам поголемо намалување на цената на дизелот и на бензините. Но, она што е важно, е дека ова е берзански производ, сите ние државите купуваме од исто место, а ние како држава имаме убедливо најнисјка цена на дизел горивото и на безоловниот бензин во регионот, па и во Европа“, рече премиерот

Запрашан конкретно за евентуално намалување на ДДВ за горивата, Мицкоски повтори дека мора прво да заврши тековниот пресметковен период.

„Веќе еднаш интервениравме со акцизите, сега чекаме да се заокружи 31 јули, втората ополовина на месецот, таков е законот, и дури потоа да носиме диополнителни мерки“, кажа тој.

Exit mobile version