Од полноќ нови цени на нафтените деривати
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) вчера донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,08 % во однос на одлуката од 21.10.2024 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголеми за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголеми за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголеми за 1,360 ден/кг и сега изнесува 43,933 ден/кг.
Од 29.10.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 77,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 79,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 43,933 (денари/килограм)
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа