Наставниците во основното и средното образование од март следната година ќе добијат зголемување на платите, најави министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Според нејзините најави, покачувањето ќе се движи меѓу 7,5 и 10 проценти, во зависност од финалните пресметки.

Министерката истакна дека ова е клучна мерка за мотивација на просветните работници, дополнително засилена со кариерното натпреварување.

„Тоа што досега не е успеано да се направи, ние го направивме. Горда сум на успехот кој го постигнавме, што беше и нотирано во извештајот на Европската комисија“, изјави Јаневска на денешниот брифинг.

Покрај платите, министерката информираше и за новините кај државната матура. Годинава ќе се спроведуваат два вида на матурски испити – стручна матура со прилагодени прашања и стандардна државна матура. Учениците од средните стручни училишта ќе имаат можност да полагаат државна матура доколку одлучат да го продолжат образованието на факултет кој е надвор од нивната примарна струка.

Exit mobile version