Oд ковид 19 почина Енвер Малиќи

Заменик-градоначалникот на Скопје Енвер Малиќи починал од компликации предизвикани од вирусот ковид 19, јавува 24 инфо.

Според порталот, Малиќи починал утрово на една од приватните клиники во Скопје. Малиќи кој е сопственик на фирмата „Гемак трејд“ е советник во Советот на Град Скопје од редовите на ДУИ, а градоначалникот Петре Шилегов 2017 во ноември, го именуваше за заменик-градоначалник на Скопје.

Малиќи е еден од најбогатите регистрирани сопственици и стопанственици на листата членки на Стопанска комора на Северозападна Македонија, но и воопшто, еден од најбогатите во државата.

 На официјалната страница на оваа компанија стои дека Гемак Трејд е приватно трговско претпријатие основано во 1991 година. Започнува со трговија, увоз и дистрибуција на електрични апарати и потрошувачки добра, како и акцизни производи вклучувајќи и duty free бизнис во периодот од 1991 до 1994. Во тоа време Гемак отвора и продажна мрежа на престижни продавници низ Скопје.Гемак Траде во моментот е една од најголемите дистрибутерски куќи во земјата и работи со неколку програми на светски познати производи . Увозник на странски алкохолни пијалоци и цигари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.12.2020 - 09:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа