Close Menu
Press24
    Најново

    (ВИДЕО) Ужасни снимки: Дрон го погоди меѓународниот аеродром во Кувајт, има повредени

    28.02.2026 во 18:45

    Мицкоски утре во Крива Паланка: Се пушта во употреба реконструираната обиколница

    28.02.2026 во 18:22

    (ВИДЕО) Дубаи во пламен: Ирански ракети го погодија центарот на градот, хотелите во пламен

    28.02.2026 во 18:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ВИДЕО) Ужасни снимки: Дрон го погоди меѓународниот аеродром во Кувајт, има повредени
    • Мицкоски утре во Крива Паланка: Се пушта во употреба реконструираната обиколница
    • (ВИДЕО) Дубаи во пламен: Ирански ракети го погодија центарот на градот, хотелите во пламен
    • Пролетта ни доаѓа порано од очекуваното, еве што велат експертите
    • Приведен скопјанец: Во неговиот автомобил пронајдени две малолетнички
    • (ВИДЕО) Драматично во Дубаи: Аеродромите се затворени, заглавени илијадници патници
    • Ужас во Карпош: 16-годишна малолетничка пронајдена во бессознание, она што го пронајде полицијата кај неа е загрижувачки
    • Иран ги објави целите на нападот: Ракетирани американски бази во пет држави и Израел
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Од истражување до акција: Економска мобилизација во време на предизвици

    Од истражување до акција: Економска мобилизација во време на предизвици

    03.10.2025 во 23:393 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Денес во организација на Сојуз на Економисти на Македонија во партнерство со Економскиот факултет – Скопје при УКИМ и Балканската асоцијација на економисти во применета економија, беше организирана меѓународната конференција на тема: „Применети економски истражувања: пат кон оптимални национални стратегии и политики во турбулентни времиња“.

    Меѓународната конференција започна со воведни говори на Проф. д-р Борче Треновски, претседател на Сојузот на економисти на Македонија, Проф. д-р Ирај Хаши, претставник на Балканскиот сојуз на економисти во применета економија и Проф. д-р Мијалче Санта, декан на Економскиот факултет – Скопје при УКИМ.

    Времињата на кризи се повик за економска мобилизација и колективна акција на целата заедница. Потребно е да ги поврземе оние што истражуваат, оние што одлучуваат и оние што спроведуваат политики за да создадеме заеднички решенија, истакна во своето воведно обраќање проф. д-р Борче Треновски, претседател на Сојузот на економисти на Македонија.

    Треновски потенцираше дека конференциите мора да излезат од рамките на академските сали и да се претворат во простор каде науката и практиката се среќаваат, а доказите се трансформираат во конкретни политики. Тој ја истакна и мисијата на Сојузот – економската логика и фактите да бидат во сржта на јавните политики, затоа што економијата е сила која влијае врз секоја општина, секое претпријатие и секое домаќинство.

    Во првата панел-дискусија, под наслов „Применето истражување како алатка за формулирање на оптимални економски политики и стратегии за одржлив национален развој“, учество земаа М-р Златко Перински – Министер за локална самоуправа, Максим Ацевски – Главен државен ревизор, Николче Анкуловски – Заменик-министер за финансии, Проф. д-р Абдулменаф Беџети – Академик–МАНУ и претседател на Фискален совет, Проф. д-р Вил Барлет – Лондонска школа за економија и политички науки и Проф. д-р Ирај Хаши, Универзитет Стафордшир, Обединето Кралство.

    Втората панел дискусија беше можност за продлабочен дијалог меѓу академската заедница и институциите, со цел да се идентификуваат нови пристапи и решенија.

    Во истата дискутираа: Д-р Дејан Станков, директор на Државниот завод за статистика, Д-р Маре Богева Мицовска, директорка на Бирото за јавни набавки, Проф. д-р Владимир Филиповски, Економски факултет – Скопје, Проф. д-р Ивана Прица, Економски факултет, Универзитет во Белград, Проф. д-р Владан Ивановиќ, Економски факултет – Крагуевац и Проф. д-р Хирије Абази-Алили, Универзитет на Југоисточна Европа.

    Во третата панел дискусија, „Градење отпорни општества: Здрава економија и социјална политика“, своите искуства и научни согледувања ги споделија: Д-р Џефри Дроп, Bloomberg School of Public Health, Проф. д-р Дрини Имами, Земјоделски факултет – Тирана, Албанија, Проф. д-р Александра Мартиновска-Стојчевска, Земјоделски факултет, УКИМ, М-р Бојана Мијовиќ-Христовска, Analytica, Проф. д-р Драган Глигориќ, Економски факултет – Бања Лука, БиХ и Д-р Кристијан Кожески, Економски факултет – Скопје, УКИМ.

    „Квалитет на живот и добро владеење: Перспективи за модерните општества“ беше четвртиот панел, каде учество земаа Бојан Стојаноски, пратеник и претседател на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Петар Минов, шеф на Парламентарната буџетска канцеларија, Иван Стефановски, National Democratic Institute (NDI), Д-р Ѓунтер Мерџан, Економски факултет – Скопје, УКИМ и Проф. д-р Јасна Анастасијевиќ, Природно-математички факултет – Нови Сад.

    На меѓународната конференција се обрати и гувернерот на Народна банка на Република Северна Македонија, проф. д-р Трајко Славески, кој кажа дека квалитетните и навремени податоци и анализи се клучни во носењето на кредибилни политики со кои се одржува макроекономската стабилност.

    Гувернерот нагласи дека Народната банка е пример за институција која своите одлуки ги темели на робусни докази – детални емпириски истражувања, статистички анализи и квалитетни податоци што ја зајакнуваат довербата во институцијата и нејзиниот кредибилитет.

    Во време на глобални неизвесности и повеќе последователни кризи, подвлече Славески, токму силниот кредибилитет на централната банка е најмоќната алатка за успешно остварување на целите на монетарната политика и обезбедување економска стабилност.

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Испливаа најнови информации за здравјето на Дачиќ

    27.02.2026 во 09:30

    (ВИДЕО) Дубаи во пламен: Ирански ракети го погодија центарот на градот, хотелите во пламен

    28.02.2026 во 18:02

    Мрачни прогнози на Вучиќ од Астана: Очекувам голем конфликт, не ја исклучувам употребата на неконвенционално оружје

    27.02.2026 во 10:25

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.