Во Собрание на Република Северна Македонија, во рамки на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, денеска ќе се одржи јавна расправа за претставување на кандидатите кои ги исполнуваат условите од Огласот за избор на член на Судски совет на Република Северна Македонија, што го избира Собранието.

На огласот се пријавиле десет кандидати, но работната група формирана од Комисијата утврдила дека шестмина ги исполнуваат пропишаните критериуми.

Пред членовите на Комисијата ќе се претстават: Арбер Исаку, дипломиран правник со положен правосуден испит од Тетово; Феузи Џафери, дипломиран правник со положен правосуден испит од село Чејле, Гостивар; Сабедин Даути, дипломиран правник со положен правосуден испит од село Равен, Гостивар; Фадил Џелил, магистер по правни науки со положен правосуден испит од село Чегране, Гостивар; Светлана Попова, магистер по правни науки со положен правосуден испит од Штип; и Сејфула Османи, доктор по правни науки со положен правосуден испит од Градец, Врапчиште.

Exit mobile version