Close Menu
    Најново

    Хаос пред Нова година: Патот Струга – Ќафасан блокиран повеќе од 24 часа, превртена цистерна го запре сообраќајот

    31.12.2025 во 16:04

    Фон дер Лајен: Шпанија стана економска сила, а Португалија пионер во иновации – 40 години од проширувањето кон југот

    31.12.2025 во 15:55

    Седум лица повредени во судир кај Желино: Меѓу настраданите и две мали дечиња, возачот на „БМВ“-то со тешки повреди

    31.12.2025 во 15:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Хаос пред Нова година: Патот Струга – Ќафасан блокиран повеќе од 24 часа, превртена цистерна го запре сообраќајот
    • Фон дер Лајен: Шпанија стана економска сила, а Португалија пионер во иновации – 40 години од проширувањето кон југот
    • Седум лица повредени во судир кај Желино: Меѓу настраданите и две мали дечиња, возачот на „БМВ“-то со тешки повреди
    • Историска исправка на „Св. Апостол Павле“: Аеродромот доби имотен лист по 60 години функционирање без документи
    • Со една лиценца покривале 16 клубови: Кривична пријава за фирма од Кадино и нејзиниот управител
    • Трагедија во гостиварско: 69-годишник го загуби животот при превртување на трактор
    • Димитриеска-Кочоска: Новата 2026 година ја пречекуваме со стабилизирани јавни финансии и поголема економска сигурност
    • Обвинение за „испумпани“ 22 милиони евра од буџетот преку фиктивни згради и станови
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Од денеска на полноќ започнува кампањата за Локалните избори 2025 – во трката за градоначалник 309 кандидати

    Од денеска на полноќ започнува кампањата за Локалните избори 2025 – во трката за градоначалник 309 кандидати

    28.09.2025 во 09:33
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Од денеска на полноќ почнува 20-дневната кампања за Локалните избори 2025 што ќе се одржат на 19 октомври (втор круг на 2 ноември).

    Локалните избори на 19 октомври годинава ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. На Локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.

    Државната изборна комисија на седница во петокот го заклучи Избирачкиот список на кој се запишани вкупно 1.832.415 избирачи.

    Претседателот на ДИК Борис Кондарко, информираше дека согласно евиденцијата на надлежните органи право на глас имаат вкупно 112.000 избирачи кои се на привремена работа или престој во странство, 2.162 избирачи кои се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор и 450 избирачи од домовите за стари лица.

    Увидот во избирачкиот список траеше 20 дена, во кои граѓаните со право на глас можеа да ги проверат своите податоци и бараат корекции.

    Во државата се констатирани 3.480 избирачки места, од кои во 132 избирачки места се потпишани помалку од десет избирачи, на кои гласањето ќе биде спроведено на најблиското избирачко место. 

    Вкупниот буџет за одржување на локалните избори 2025 изнесува 9 милиони 760 илјади евра, од кои две третини се пари наменети за медиумите и платеното политичко рекламирање. Дополнително на овие пари е и сумата за надоместоците на членовите на избирачките одбори и транспортот и дистрибуцијата на членовите на ИО и избирачкиот материјал од ОИК до избирачките места каде што ќе се гласа, бидејќи тие ги обезбедуваат локалните самоуправи.

    Според Изборниот законик, локалните избори се одржуваат на секои четири години во втората половина на октомври. Локалната самоуправа е организирана во 80 општини и Градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа. Во состав на Градот Скопје функционираат 10 општини, кои имаат поделени надлежности со Градот. Изборите ги распишува претседателот на Собранието со донесување акт што се објавува во Службен весник. Изборите се одржуваат најрано 70, а најдоцна 90 дена од денот на распишување на изборите. 

    Локални избори во Македонија се одржале во 1996, 2000, 2005, 2009, 2013, 2017 и 2021 година.

    Популарно

    Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина

    30.12.2025 во 21:35

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50

    Калајџиев: Си играте играчки – ѕидот на срамот е импровизација

    30.12.2025 во 21:24

    МВР со полни раце работа пред Нова година: Фатен „рекордер“ со 3,04 промили на експресен пат

    31.12.2025 во 10:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.