Од денес поевтини цени на макароните и млекото
Од денеска со одлука на Владата намалени се цените на млечните производи и на тестенините во маркетите и продавниците.
Според одлуката, цената на тестенините се намали за 15, а на млечните производи за 10 отсто, и ќе важи до 31 мај.
Државниот инспекторат најави дека од утрово на терен ќе контролира дали се почитува владината одлука и потсети дека казните за непочитување се движат од 800 до 1о илјади евра.
Од тука апелираат да се почитуваат одлуките, а исто така ги повикуваат граѓаните, доколку забележат неправилности, веднаш да пријават во Пазарниот инспекторат.
За јајцата, шеќерот и домашниот ориз се прават анализи. Потоа ќе се одлучи дали и тие производи ќе влезат на листата со ограничени маржи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа