Жителите на повеќе улици во Карпош денеска ќе имаат прекин во водоснабдувањето поради дефект на водоводната мрежа.

Без вода од 9 часот ќе останат корисниците на улицата „Мексичка“, како и делови од улиците „Варшавска“, „Хелсинки“, „Ташкентска“, „Хаванска“ и „Париска“.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот ќе трае до завршување на работните активности.

Exit mobile version