Очевидец за изгорената жена во пожарот: Стојанка беше во собата, не можев да ѝ помогнам

Жена на околу 80 години е првата жртва на пожарите кои беснеат  неколку дена во Македонија. 

Жената живеела заедно со постар маж во куќата во селото Челопек.

Обидувајќи се да се засолни од огнот, таа се заклучила во куќата и не успеала да се извлече пред пламените јазици. 

„Стојанка беше во собата. Не можев да и помогнам. Имаше животинки, ништо не остана. Никој не помогна. Кога се изгоре, тогаш дојдоа. Немам сега за ништо, за леб, вода, апчиња.“ – изјави Борис кој живеел со Стојанка за ТВ24. 

04.08.2021 - 22:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега