Очевидец: Ги гледавме како горат живи и не можевме да сториме ништо – кршев прозорец за да го спасам татко ми

Ги слушавме како горат живи и не можевме да сториме ништо. Се сѐ случи за една секунда, слушнавме како нешто пукна, некој свика „пожар“ и тука почна целата драма која не ја посакувам никому.

Вака млада тетовка која била во модуларната болница вчера за „А1он“ раскажа што се случувало вчера за време на големиот пожар во кој според официјалните информации, животот го загубија 14 луѓе.

Како што пишува порталот, таа успеала да го спаси својот татко, кај кого била на посета, и тој бил еден од последните кој жив се извлекол од модуларната болница за време на пожарот.

Скршиле прозорец, таа скокнала и потоа со сите сили го извлекла нејзиниот болен татко.

-Уште кога го примија, а го примија со триста врски, после три обиди за хоспитализација, бидејќи немало место, ни рекоа дека најдобро е да лежи во модуларната болница со присуство, бидејќи немаат доволно медицински кадар. Затоа и деноноќно бевме со него. Поголемиот дел од пациентите кои вечерта имаа придружба успеаја да се спасат само поради тоа. Дел од нив кои беа сами за жал не успеаја, раскажала таа за „А1он“.

Целата сторија прочитајте ја тука.

09.09.2021 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега