Очекувајте температурен пресврт: Ни се враќаат топлите температури и сончевото време
Времето утре ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Времето во сабота ќе биде променливо облачно, наутро со локална појава на краткотраен дожд. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.
Во недела времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. ќе дува умерен ветер од северен правец.
Во понеделник времето ќе биде умерено облачно со слаб до умерен ветер од северен правец.
14.10.2021 - 16:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа