Обвинителката Ленче Ристовска ги пронајде своите две украдени слепи кучиња
Двете хаски Астра и Зоне на обвинителката Ленче Ристоска, кои изминатата ноќ беа украдени од дворот на семејната куќа во Лешок се пронајдени и вратени дома. Ристоска утрината објави дека двете хаски не може да преживеат без инсулин бидејќи имаат шеќерна болест и се слепи.
-Астра е дома благодарение на Јована!Благодарам на сите за вашата помош и поддршка денес. Помошта која денес ја добивме е одраз дека во нашето општество имаме добри, емпатични и луѓе кои сакаат да помогнат.. Навистина немам зборови да ја опишам радоста на членовите на нашето семејство. Не за џабе се рекло дека заедно сме посилни! Голем поздрав до сите од моите девојки!“-напиша на својот Фб профил обвинителката Ристоска.
Астра е дома благодарение на Јована! Благодарам на сите за вашата помош и поддршка денес. Помошта која денес ја добивме...
Posted by Lence Ristoska on Tuesday, 21 July 2020
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа