Обвинителите ја повлекле жалбата за затворски - Мијалков ќе оди во куќен притвор

Обвинителката Вилма Рускоска заедно со обвинителите кои работат на предметот „Таргет-Тврдина“ Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов ја повлекле жалбата по одредениот куќен притвор за поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, со која бараа да му се одреди затворски притвор, објави „А1он“.

Засега нема објаснување зошто обвинителите се одлучиле за ваков чекор.

Тоа значи дека Мијалков ќе биде куќен, а не во затворски притвор.

Рускоска и Мијалков се во зградата на Обвинителството за организиран криминал и  корупција веќе еден час, а според најавите Рускоска треба да даде изјава за медиумите и да објасни што точно се случувало во изминатите два дена.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2021 - 19:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега