Close Menu
Press24
    Најново

    Ужас во Охрид: Син со нож го нападнал сопствениот татко среде бел ден

    05.03.2026 во 11:56

    Во 2030 година со воз од Скопје до Софија – пробиен последниот тунел кај Крива Паланка

    05.03.2026 во 11:41

    На државно земјиште си изградил куќа – жител на Центар Жупа заработи кривична

    05.03.2026 во 11:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ужас во Охрид: Син со нож го нападнал сопствениот татко среде бел ден
    • Во 2030 година со воз од Скопје до Софија – пробиен последниот тунел кај Крива Паланка
    • На државно земјиште си изградил куќа – жител на Центар Жупа заработи кривична
    • Трамп доби „зелено светло“ за војната: Сенатот ја отфрли резолуцијата за запирање на нападите врз Иран
    • Судење за трагедијата во Пулс: Одбраната побара спојување со актот против 13 полицајци
    • Газда Деко нема да биде префрлен во Шутка – Само душекот не му бил добар
    • Дечкото го удирал во градите и по главата, девојката му ја влечела униформата – полицаец преживеал хорор за време на рутинска контрола
    • Го барале преку Интерпол – Македонската полиција го фати
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Обвинет за случајот „Пулс” тврди дека е болен – Судијката му порача дека ќе оди во притвор ако не доаѓа на судења

    Обвинет за случајот „Пулс” тврди дека е болен – Судијката му порача дека ќе оди во притвор ако не доаѓа на судења

    05.03.2026 во 10:383 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Болен сум, не можам да доаѓам, се спремаат да ме лишат во Кочани, барам од Судот некое решение. Со такво тврдење пред денешното рочиште излезе обвинетиот Гроздан Милковски, сопственик на објектот каде што беше кабарето „Пулс“. На рочиштето ќе бидат сослушувани сведоци.

    Милковски неодамна беше хоспитализиран, поради што едно од рочиштата беше одложено.

    „Болен сум, никој не ме сфаќа сериозно, барам нешто да преземете. Како да доаѓам кога немам сили, не можам да седам по пет часа овде и да ме возат“, рече тој пред Судот.

    Судијката Диана Илиевска-Груевска изјави дека била информирана за неговата здравствена состојба, но според нејзините информации, таа не е толку сериозна. Таа му порача дека ако не се појавува на рочишта, ќе предложи притвор за него.

    На претходното рочиште пред Судот сведочеа членови на бендот ДНК и гости кои ја преживеале трагедијата, опишувајќи ги случувањата од ноќта на 16 март минатата година, кога во пожарот животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

    Во својство на сведок исказ даде придружниот вокал Ана Костадиновска. Одговарајќи на повеќекратни прашања од Обвинителството и од одбраната за тоа кој ги поставувал и активирал прскалките, таа изјави дека не знае и дека никогаш не видела кој ги местел во клубовите каде што настапувала групата ДНК, додавајќи дека е можно тоа да било задача на техничко лице од клубот.

    Говорејќи за моментот кога избувнал пожарот, Костадиновска посочи дека кратко по почетокот на настапот почувствувала силна топлина, по што вокалот Панчо ги повикал присутните да излезат, но, како што рече, во првите моменти никој не ја сфатил сериозно ситуацијата.

    Музичарот Горан Тонев, кој настапувал како надворешен соработник со бендот, изјави дека пиротехничките средства биле поставени уште пред да се качат на бината, но дека не знае кој ги поставил ниту кој ги активирал. Тој опиша дека огнот брзо се проширил, а просторот се исполнил со густ чад.

    Според сведочењата на двајца преживеани гости, по активирањето на прскалките се запалил дел од таванот, што предизвикало паника и стампедо кон излезите.

    Судскиот процес се одвива под засилени безбедносни мерки, во присуство на обвинетите, семејствата на жртвите и јавноста. Постапка се води против повеќе од 30 физички и три правни лица за тешки дела против општата сигурност.

    Пожарот во дискотеката во Кочани избувна за време на настап на групата ДНК и се смета за една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Со денешното рочиште продолжува доказната постапка со изведување сведоци предложени од Обвинителството.

    Популарно

    Кој ќе го купи Аудито на Мерко – Почетна цена од 21.800€

    05.03.2026 во 10:12

    Министерот Тошковски стана татко по третпат – му се роди син

    04.03.2026 во 23:58

    САД открија кои четири цели на Иран мора да бидат збришани, авионите ќе удираат сè подлабоко

    04.03.2026 во 23:29

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.