Претпладне во одделни котлини можно е појава на магла, додека преку ден времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Скопје, утринските часови ќе бидат магливи во пониските делови од котлината, а преку денот се очекува сончево време со мала до умерена облачност и слаб северен ветер.

Прогноза за наредните денови:
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а во одделни котлини повторно ќе има услови за појава на магла.

Exit mobile version