Облачно и студено време

Претежно облачно, претпладне на југоистокот со локален дожд. Кон крајот на денот облачноста делумно ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, а попладне слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од 0 до 7 степени, а максималната дневна до 10 степени.

Слично време и во Скопје со максимална дневна температура до 9 степени.

Времето утре ќе биде променливо облачно, ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец , особено изразен вдолж Повардарието каде кон крајот на денот повремено ќе засилува.

24.11.2021 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега