Објавила фотографија од себеси, па добила критики и клетви - поради изгледот ѝ посакале да добие рак
Плус сајз моделот и активистка од Австралија, Ешли Аткинс, предизвикала големо внимание откако проговорела за своето искуство на ТикТок.
Таа отворила профил на оваа социјална мрежа за да зборува за плус-сајз жените и да поттикне позитивен поглед на овие девојки, но рекла дека само се сретнала со огромна омраза, поради што трипати го бришела профилот.
„Има многу пораки во кои пишува дека ги инспирирам луѓето и дека поради мене го засакале своето тело. Меѓутоа, жално е тоа што има и премногу такви кои ми упатуваа навреди, закани и клетви“, рекла таа за австралиските медиуми.
„Најлошо ми беше кога добив пораки од следбениците дека сакаат да заболам од канцер бидејќи објавувам мои фотографии. Тогаш обично го гасев профилот“, рекла таа.
Најголем скандал предизвикала една нејзина разголена фотографија, после што добила и клетви.
„Трипати оваа година морав да ги напуштам своите профили на социјалните мрежи поради заканите и навредите кои ги добивав“.
„Јас инаку се вбројувам во помалите плус сајз модели и несмеам ни да замислам какви пораки добиваат покрупните девојки и со што се соочуваат секојдневно. За тоа мора да имате баш дебела кожа и силен желудник. Меѓутоа, јас се вратив и покрај сите навреди, бидејќи сакам да ја пренесам мојата порака и бидејќи има сосема доволно луѓе кои го ценат она што го правам и кои ми праќаат пораки за поддршка“, рекла таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа