Објавено видео од магацинот со компјутери со кои се копале криптовалути во подрумот на ГТЦ
Полициски службеници се обидоа да упаднат во подрумските простории на Градскиот трговски центар во обид да фатат нелегално копање криптовалути со див приклучок на електрична енергија. Сепак, полициските службеници го напуштија ГТЦ бидејќи немале налог за претрес.
Во видеото се гледаат машините и компјутерите со кои наводно се копале криптовалути. Сѐ уште нема официјални информации за акцијата.
16.11.2021 - 18:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа