Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека е објавен списокот на граѓани кои ги исполнија условите по Јавниот оглас за поддршка на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, за добивање финансиска поддршка преку ваучер за купување и вградување инвертер клима уред.
Станува збор за втора фаза од веќе завршената постапка. Право на оваа поддршка имаа исклучиво домаќинствата кои најдоцна до 5 октомври 2025 година поднеле барање, доставиле комплетна документација и ги исполнија условите утврдени во Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија.
Списокот на граѓани кои се стекнале со право на поддршка е објавен на веб-страницата на
Министерството.
Од 18 март 2026 година до 17 април 2026 година, лицата кои се наоѓаат на списокот ќе можат да се обратат во меѓуопштинските центри за социјална работа во општината каде што живеат, каде ќе треба да ги подигнат ваучерите, додека на сајтот на министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е точно наведено која документација е потребна и кој е текот на процедурата за подигнување.
https://energy.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/javni-oglasi/javen-povik-za-realizacija-vaucer-
za-kupuvanje-i-vgraduvanje-na-inverter-klima-ured
За дополнителни информации, доколку е потребно, лицата што се стекнале со право можат да се обратат и на следните телефонски броеви и емаил:
071-391-187
071-391-169
ranlivipotrosuvaci@energy.gov.mk
Рокот за подигнување на ваучерот е 30 дена од денот на објавата. По подигнувањето – Ваучерот овозможува набавка и вградување на инвертер клима уред со моќност од 3,5 kW и најмалку енергетска класа А+, а може да се искористи најдоцна до 15 октомври 2026 година.
Министерството во наредните денови ќе објави и список на компании со кои се склучени договори, каде граѓаните ќе можат да ги искористат своите ваучери. Ранливите потрошувачи ќе избираат клима уред од понудите на овие компании, без дополнителна доплата, а вредноста на ваучерот изнесува до 28.000 денари.
Министерството уште еднаш нагласува дека оваа објава се однесува само на граѓаните кои веќе аплицирале на јавниот оглас во 2025 година, и претставува завршна постапка за реализирање на поддршката. Во рамки на овој повик се доделуваат вкупно 4070 ваучери.
Со оваа мерка државата продолжува да ги поддржува ранливите категории граѓани преку
намалување на трошоците за енергија и подобрување на енергетската ефикасност во домаќинствата.
- Петмина уапсени за семејно насилство, нападнати деца, татковци и сопруги
- Важна вест за корисниците на Инстаграм: Имате рок до 8 мај да ги зачувате вашите приватни разговори
- Падна вработен во велешка банка: „Испразнил“ туѓа сметка, си подигнал 249.990 денари
- Приведен Грк на „Богородица“: Се обидел да влезе во Македонија со лажна кипарска дозвола
- Сообраќајка во Скопје: Возило на МВР се судри со такси, двајца повредени завршија на клиника
- Хорор во центарот на Скопје: Сопственик на стан нападнал и допирал Србинка која престојувала кај него
- Инцидент на стадион во Кисела Вода: Скопјанец нападнал двајца фудбалски судии
- Објавени списоците на граѓани кои се стекнаа со право на инвертер клима -започнува постапката за подигнување ваучери

