МРИ скенирањето на претседателот Доналд Трамп, извршено во октомври, „потврдува дека тој продолжува да биде во одлична општа здравствена состојба“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, за време на брифингот во понеделник.

Ливит рече дека скенирањето е направено за „рано откривање на сите потенцијални проблеми, потврдување на целокупното здравје на претседателот и обезбедување на долгорочна виталност и функционалност на претседателот“.

Кардиоваскуларните и абдоминалните скенирања на Трамп биле „совршено нормални“, рече таа.

Трамп: „Апсолутно“ ќе ги објавам резултатите од МРИ

Зборувајќи со новинарите во неделата на „Ер Форс Уан“, Трамп рече дека ќе ги објави резултатите од МРИ – и призна дека не знае кој дел од неговото тело е скениран, објави ABC News.

Exit mobile version