Објавена воздушна тревога, сообраќајот на Кримскиот мост е запрен

Гувернерот на Севастопол на Крим, назначен од Москва, Михаил Развозаев, вечерва објави воздушна тревога во градот, објавија британските медиуми, пренесе БТА..

Сообраќајот на мостот што го поврзува руското копно со полуостровот Крим е привремено прекинат.

На 22 септември најмалку една украинска ракета го погоди седиштето на руската Црноморска флота во Севастопол.

-За време на воздушната тревога, морскиот и копнениот јавен превоз престануваат со движење, пренесоа руските медиуми.

Гувернерот на Телеграм објави дека руските сили за воздушна одбрана собориле проектил во близина на аеродромот Белбек.

-Според прелиминарните податоци, силите за воздушна одбрана собориле еден проектил во областа на аеродромот Белбек. Работата продолжува, напиша тој. 

25.09.2023 - 22:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега