Објавена снимка од ослободените Украинци од руско заробеништво

Украина денеска врати 49 украински ветерани и цивили од руско заробеништво, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски. Меѓу нив има и припадници на украинската армија, Националната гарда, полицијата и граничарите, додаде тој.

Меѓу нив има 23 жени. Ослободени се и дел од цивилите кои Русија ги приведе и незаконски ги затвори пред инвазијата, објави Координативниот штаб за третман на воени затвореници

На социјалните мрежи се шират потресни снимки од ослободените Украинци, завиткани во знамиња и прегрнати со членовите на семејствата кои ги пречекале.

„Мораме да ги вратиме дома сите наши војници и цивили“, рече Зеленски.

 
13.09.2024 - 19:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега