Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Објавена листата со сите примени во средното полициско училиште

    Објавена листата со сите примени во средното полициско училиште

    27.08.2026 во 20:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за внатрешни работи ја објави конечната ранг-листа на ученици примени во Средното полициско училиште „7-ми Мај“. На објавената листа се наоѓаат 310 ученици.

    Примените ученици на 1 септември во 10 часот треба да се јават во Полициската академија на МВР во Идризово, во придружба на еден родител, старател или законски застапник. Потребно е придружникот да носи документ за идентификација, а таму ќе биде потпишан договорот за школување.

    Учениците ќе престојуваат во Полициската академија до 4 септември во 15 часот. Поради интернатското сместување, треба да понесат облека, спортска облека, средства за лична хигиена и други неопходни лични работи. Од МВР препорачуваат да не носат вредни предмети.

    Пред почетокот на школувањето, примените ученици треба да се отпишат од средното училиште во кое досега биле запишани како редовни ученици и да побараат да бидат избришани од системот ЕМИС ЕСАРУ за електронски дневник.

    Конечната ранг-листа е објавена и во просториите на Средното полициско училиште „7-ми Мај“.

    МВР во јули објави јавен повик за прием на редовни ученици во обновеното средно полициско образование. Право на пријавување имаа ученици кои ја завршиле втората година од средното образование, се македонски државјани, на денот на објавувањето на повикот немале наполнето 18 години и ги исполнувале предвидените здравствени и психофизички услови.

    Конечна ранг-листа на примени ученици во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ – Новости – Односи со јавност – Министерство за внатрешни работи – Република Северна Македонија

    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.