Објавен дел од листата на граѓани кои ќе добијат по 6.000 денари помош од Владата

Листата со граѓани на кои им следуваат по 6 илјади денари, конечно осамна на сајтот „Купувам домашно.“ 

На веб страницата „Купувам домашно“ веќе е достапна оваа листа, а тоа се граѓани кои ги исполнуваат условите за добивање помош од 6000 денари за купување домашни производи.

На листата дополнително ќе бидат додадени самохраните родители, филмските и естрадни уметници кои ги исполниле условите за добивање на помошта. 

-Поддршка за граѓаните, поддршка за македонските производители и вршители на услуги Финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица на возраст од 16 до 29 години, самохран родител, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, е наведено на веб-страницата „Купувам домашно“.

За купување домашни производи помош од по 6.000 денари ќе добијат околу 300.000 граѓани, за што се одвоени 27 милиони евра.

На страницата е наведено и дека доколку некој смета дека треба да бидете корисник на финансиска помош, но не е на листата корисници, можете да поднесе приговор.

Рокот за поднесување на приговори е денеска односно 21. декември. После овој рок приговорите нема да се земат во предвид, е наведено на страницата „Купувам домашно“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.12.2020 - 08:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега