Објавен аудио запис од разорниот земјотрес- вака звучеше потресот кој ја погоди Хрватска

 

Научниот канал за природни катастрофи „CATnews“ објави аудио запис од разорниот земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтер, кој вчера го погоди централниот дел на Хрватска.

CATnews на својот профил на Твитер наведува дека ги објави сеизмичките сигнали на земјотресот што ја погоди Хрватска во аудио форма. Тие посочуваат дека сигналот што може да се слушне е 20 пати побрз од оригиналот и препорачуваат користење бас за да се слушне целиот спектар на звук.

Овој научен канал за елементарни непогоди главно се фокусира на земјотреси и цунами. Тие објавуваат аудио примероци од неодамнешните и минатите земјотреси снимени на сеизмичките станици ширум светот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.12.2020 - 16:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа