ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ј.Д.(37) и А.А.(46), двајцата од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „обид за убиство“ по член 123 од Кривичниот законик.
Тие се спроведени во Казнено поправната установа „Затвор-Битола“ откако, судија на претходна постапка им одреди мерка притвор од 30 дена.
Пријавените, на 04.01.2026 година во 14.45 часот, на улицата „Загорје“ во Кичево, беа лишени од слобода откако претходно, на земјен пат кај месноста „Сеферов бунар“, во близина на Кичево, со нож го нападнале Б.А. (39) од Кичево, по што избегале.
Повредениот, бил пренесен во Општата болница во Кичево од каде, по дадената медицинска помош, а поради сериозноста на повредите, бил префрлен во Градската општа болница „8 септември“ во Скопје.
При претрес во нивните домови, извршени по судска наредба, полициските службеници од криминалистичката полиција, пронајдоа ножеви, кои се одземени за натамошна постапка.
- Демократското движење: Нов крупен чекор кон официјализирање на Вреди во обединета политичка сила
- Избран е новиот врховен лидер на Иран по смртта на Хамнеи
- Внимавајте кога се договарате со мајстори: Старец измамен за 2.000 евра
- Скриен арсенал: Иранското министерство за одбрана тврди дека најмоќното оружје уште не е употребено
- Орбан и напиша писмо на Фон дер Лајен: Зеленски ме уценува
- Вреди наскоро ќе биде една партија
- Повик за евакуација на Македонци од Абу Даби
- Безбедносен штит: Француските „Рафали“ веќе патролираат над Заливот по наредба на Макрон

