Обезбедувањето на спикерот Гаши настрада во тешка сообраќајка пред Охрид

 

Најмалку три лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа која утрово се случила пред Охрид и во која учествувало обезбедувањето на собранискиот Претседател Африм Гаши. Информацијата ја потврди и МВР.
Повредените веднаш биле префрлени во охридската болница Св. Еразмо. Станува збор за претходницата на Претседателот. Собранискиот спикер не е повреден и во моментот на несреќата воопшто не бил во сообраќај.

Според неофицијалните информации, сообраќајката била страшна но обезбедувањето поминало со полесни повреди и во моментов никој не е во животна опасност.


06.12.2024 - 13:14
Фото: 
Архива

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега