Поради последните обилни врнежи од снег, засилен ветер и пораст на дневните температури, на територијата на Националниот парк Шар Планина е забележано значително зголемување на лавинската опасност, особено на стрмни падини со источна, југоисточна и јужна експозиција; предупредуваат од Националниот парк Шар Планина.
Од Националниот парк Шар Планина апелираат до сите посетители, планинари и љубители на зимските спортови:
-движете се внимателно во планински услови
-избегнувајте ризични и стрмни терени
-користете соодветна безбедносна опрема
„Планината е прекрасна, но бара одговорност. Информираноста и добрата подготовка се клучни за безбедно уживање во природата.
Безбедноста секогаш нека биде на прво место“, известуваат од Националниот парк Шар Планина.
Актуелно
- НП Шар Планина со предупредување: Зголемена опасност од лавини, се апелира на максимална претпазливост
- Пајакот прави чистка во Центар: Отстранети 117 непрописно паркирани возила
- Дневен хороскоп: Посакуван напредок кај Лавот, совршен ден за Водолијата
- (ФОТО) ДЗС на терен: Масовни евакуации во Кичево, во Гостивар се извлекувале заглавени лица во поплавен објект
- (ФОТО) „Почивај во мир“: Изгоре луксузниот „Брабус“ на Бака Прасе вреден 500.000 евра
- Во недела е Прочка – ова се народните верувања
- Страшна сообраќајка ја потресе Македонија: Загина 25-годишен кривопаланчанец, три лица тешко повредени
- СДСМ: Власта да одговори како 5 тони дрога ја поминале границата

